Политика за рефундирање

Рефундирање на средства за купени влезници 

Рефундирање на средствата за купени влезници за одреден настан е возможно само во случај на откажување на настанот или промена на неговиот датум. Рефундирање на средствата за купени влезници за одреден настан не е возможно во случај на лични причини (болест, деловни обврски, промена на мислење или слично).

Ако настанот се откаже, или се промени неговиот датум, Купувачот е должен да побара поврат на средствата преку пополнување форма за рефундација во рок од седум (7) работни денови од добиеното известување за соодветната промена

За откажани настани средствата за влезниците ќе бидат вратени во рок од четиринаесет (14) работни денови од валидирање на барањето испратено преку формата за рефундација. 

За одложени настани навремено ќе бидете информирани за промените на датумот. Доколку новиот датум не е во согласност со вашите активности, постои можност влезниците да Ви бидат заменети со влезници за друг настан. Доколку не сакате да направите замена на влезниците, постои можност средствата да Ви бидат рефундирани. Купувачот е должен да побара поврат на средствата преку пополнување форма за рефундација во рок од седум (7) работни денови од добиеното известување за соодветната промена

За одложени настани средствата за влезниците ќе Ви бидат вратени во рок од четиринаесет (14) работни денови од валидирање на Вашето барање испратени преку формата за рефундација. 

Доколку Купувачот не го извести Рекорд Медиа за состојбата во наведениот рок, ќе се смета дека е задоволен од платениот производ/услуга или дека настанот се случил и го губи правото на поврат.



Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани