Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните Правила и услови за користење (во понатамошниот текст: Правила и услови). Секоја посета на нашата веб апликација, како и секое купување на производ/услуга, значи дека сте ги прочитале и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб апликација.
www.wayin.mk е онлајн платформа во сопственост на Друштвото за маркетинг, трговија и услуги Рекорд Медиа ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: Рекорд Медиа).
Со овие Правила и услови се дефинираат правата и обврските за користење на интернет платформата www.wayin.mk и нејзините услуги и функционалности.
Платформата Way In е наменета за Организаторите на настани (концерти, конференции, фестивали, спортски натпревари и слични настани) кои преку овој систем можат да ги понудат за продажба своите производи (влезници). Од друга страна, платформата Way In е наменета за клиенти кои сакаат да добијат право за пристап до одреден настан по сопствен избор и за тој пристап потребна им е влезница која ќе биде проверена на денот на настанот од страна на организаторот. Затоа платформата Way In е наменета за клиентите на начин кој за нив ја извршува услугата за генерирање и издавање влезници за пристап до избраниот настан на Организаторот.
Трговијата преку www.wayin.mk претставува посебен начин на вршење на трговија преку интернет, овозможувајќи целосна онлајн нарачка, купување и плаќање до крајниот купувач.
Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи правила и услови:
Организатор е секој посетител на системот Way In кој успешно го внел својот производ/услуга /настан во системот Way In со цел промовирање и/или продажба на наведениот производ/услуга /настан.
Посетител на www.wayin.mk е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација и социјални медиуми пристапува на веб апликацијата www.wayin.mk и ја разгледува понудата на производи на Way In;
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб апликацијата www.wayin.mk нарачува и купува производи од понудата на Way In.
За Посетителот или Купувачот кои ја користат платформата www.wayin.mk и стапуваат во деловен однос со Рекорд Медиа се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од областа на електронска трговија, трговија, заштита на потрошувачите, заштита на личните податоци, како и овие Општи правила и услови.
Со Организаторот кој изразува желба да стапи во деловен однос со Рекорд Медиа и да ги понуди и продава своите услуги/производи преку платформата www.wayin.mk ќе биде изготвен посебен договор огласно позитивните законски прописи во Република Македонија.
Со самиот пристап на www.wayin.mk и при нарачка на производите, се согласувате дека ги прифаќате Општите правила и услови. Рекорд Медиа ги задржува правата за промена на овие Општи правила и услови во секое време, а во таков случај, ќе ги извести корисниците за промената на соодветен начин преку објава на www.wayin.mk.
Рекорд Медиа не е сопственик, ниту ги поседува производите/услугите што ги нуди и затоа не може да одговара за потенцијални недостатоци или други проблеми што можат да се појават при користење на производите/услугите што ги нуди.
Рекорд Медиа е посредник во продажба на влезници и други производи/услуги за организаторите на настани. Влезницата купена на системот Way In се издава на име на Купувачот и е сопственост на Организаторот и е доказ за купување на одреден производ или услуга.
Рекорд Медиа не е ниту сопственик на производите, ниту е организатор на било кој настан понуден на платформата Way In.
Условите наведени со описот на настаните што ги нуди Организаторот преку платформата Way In претставуваат понуда за склучување договор што Купувачот ја прифаќа со купување на услугата преку користење на Way In, за кој Рекорд Медиа не е одговорен и сите услови се утврдени исклучиво од Организаторот. Затоа, прифаќајќи ја понудата на Организаторот наведен на Way In, Купувачот склучува правна зделка со Организаторот во тој правен однос.
Во исто време, Клиентот склучува правна трансакција со Рекорд Медиа како давател на услуги користејќи го системот Way In заради генерирање и издавање влезници за присуство на настанот, сето тоа во согласност со овие Општи правила и услови. Цените на услугите се изразени во МКД.
Секој корисник сноси целосна одговорност за своите активности при користењето на www.wayin.mk. Исто така, секој купувач се согласува да го обештети и нема да го смета за одговорен Рекорд Медиа, нејзините одговорни лица и вработените за сите побарувања за надомест на штета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од противзаконското користење и прекршувањето на Општите правила и услови за користење на платформата www.wayin.mk од страна на купувач или друг корисник.
Плаќањето за производите/услугите на Рекорд Медиа купени преку www.wayin.mk може да се изврши преку плаќање со платежна картичка.
Плаќање со платежна картичка
Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Комерцијална Банка АД Скопје, при што поддржани се сите VISA, MasterCard и Maestro платежни картички, како и картичките од домашните брендови.
Плаќањето се извршува по електронски пат, во реално време на настанување на трансакцијата. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку системот на CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот добива потврда за извршено успешно/неуспешно плаќање по пат на електронска пошта (e-mail).
При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при онлајн купување, ја гарантираат CaSys и Комерцијална Банка, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Рекорд Медиа не ги собира гореспоменатите податоци и нема пристап до информациите поврзани со платежната картичка или сметката во банка. купувањето преку karti.com.mk е безбедно. Бројот од вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер. Транскациите се процесираат преку процесинг системот на Casys и во ниеден момент karti.com.mk нема пристап до информациите од вашата картичка.
Рекорд Медиа под никакви околности не презема одговорност за штета заради неовластена трансакција односно неовластено користење на личните податоци на купувачот за време на реализација на електронското плаќање.
Рекорд Медиа во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и/или согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи Рекорд Медиа нема обврска да изврши поврат на уплатените средства.
Рекорд Медиа нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на техничка грешка која настанала пред/во/по моментот на користење на електронските услуги, и врз која Рекорд Медиа немал увид и контрола.
Испорака на влезници
По успешното купување на влезници, тие ќе бидат достапни на Корисникот во дигитална форма и ќе бидат испратени на неговата е-пошта. Во зависност од опциите кои се нудат од страна на Организаторот и опции избрани од страна на купувачот, влезниците можат да се доставуваат и на други начини.
Користење влезници
Купувачот е должен да ги чува купените влезници, нивните QR кодови и баркодови и не смее да ги дава на трети лица. Ниту Рекорд Медиа, ниту Организаторот се одговорни за украдени, изгубени, уништени или копирани влезници. Корисникот е свесен дека ако ја отуѓи или некој му ја украде влезницата или неговиот QR код или баркод, Организаторот во одредени случаи не може да знае дека оваа влезница е украдена и ќе се смета дека првото лице што ќе влезе на настанот со таа влезница, неговиот QR код или баркод - има валидна влезница.
При влегувањето на настанот, Организаторот има право да ја провери валидноста на влезниците на Купувачот на еден од следниве начини:
Со проверка на личниот документ на Купувачот
Со визуелна проверка на отпечатената влезница
Со проверка на влезницата на мобилниот телефон на Клиентот
Со проверка на кодот на влезницата (баркод, QR-код, итн.) преку посебен читач
Влезницата служи како потврда за набавка, а контролата на влезот е одговорност единствено на Организаторот. Рекорд Медиа не е одговорен за тој процес.
Репродукција, продажба или тргување со влезници е строго забранета, освен ако не е изречно наведено поинаку.
Секој обид за употреба на влезница кој не е во согласност со овие правила и услови ќе резултира со раскинување на таа влезница.
Рефундирање на средства
Враќање на износот платен за правото на влез во настанот (влезница) е возможно само во случај на откажување на настанот или промена на неговиот датум. Враќањето на износот платен за правото на влез во настанот (влезница) не е возможно во случај на лични причини, како што се болест, деловни обврски, промена на мислење или слично.
Ако настанот се откаже, или се промени неговиот датум, Купувачот е должен да побара поврат на средствата на е-адресата contact@rekordmedia.mk во рок од седум (7) работни денови од добиеното известување за соодветната промена.
За откажани настани средствата за влезниците ќе Ви бидат вратени во рок од четиринаесет (14) работни денови од валидирање на Вашето барање.
За одложени настани навремено ќе бидете информирани за промените на датумот. Доколку новиот датум не е во согласност со вашите активности, постои можност влезниците да Ви бидат заменети со влезници за друг настан или средствата ќе Ви бидат вратени во рок од четиринаесет (14) работни денови од валидирање на Вашето барање.
Доколку Купувачот не го извести Рекорд Медиа за состојбата во наведениот рок, ќе се смета дека е задоволен од платениот производ/услуга или дека настанот се случил и го губи правото на поврат.
Рекорд Медиа ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Way In користи SSL безбедносен сертификат, така што целата комуникација помеѓу серверот на www.wayin.mk и посетителот/корисникот е енкриптирана. Рекорд Медиа во текот на целиот процес на трансакцијата нема никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.
Рекорд Медиа се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на купувачот од веб апликацијата www.wayin.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Македонија.
При посетата на www.wayin.mk, Рекорд Медиа не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, (пр. доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на Рекорд Медиа).
Рекорд Медиа ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со друга применлива регулатива во Република Македонија. Рекорд Медиа нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, адреса, е-маил адреса, телефонски број и други. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. Рекорд Медиа не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци се неточни.
Рекорд Медиа има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на www.wayin.mk и за маркетинг цели.
Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка. Корисникот е свесен дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во тековното работење или настани кои се надвор од контрола на Рекорд Медиа и не сноси одговорност за губење на податоци настанато при пренос на информациите преку интернет.
Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, или на друг начин модифицирање и користење на веб апликацијата www.wayin.mk и нејзините содржини, без изречена писмена дозвола и согласност од страна на Рекорд Медиа е строго забрането. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе корисникот до граѓанска или кривична одговорност.
Со самото користење на www.wayin.mk, доколку корисникот побара или доколку дополнително се согласи, Рекорд Медиа може да му доставува трансакциски информации или информации со кои се вршат активности на директен маркетинг, со испраќање на SMS/MMS пораки, и/или push нотификации, и/или e-mail пораки. Корисникот може во секое време бесплатно и со употреба на едноставни средства да ја измени, ограничи или повлече дадената согласност. Корисникот нема можност да ја ограничи и повлече дадената согласност за добивање на клучни и неопходни трансакциски информации. Под клучни и неопходни трансакциски информации се подразбираат потврди за примена нарачка, фактура, потврда за испорака и други важни информации без кои соработката ја губи суштината и не би можела да се реализира делумно или во целост.
Секој регистриран корисник се согласува да добива директна пошта со промотивен материјал и билтени (newsletter) на e-mail адресата со која е регистриран на www.wayin.mk. Секој регистриран корисник има право да побара истиот да биде отстранет од листата за добивање на директна пошта и билтени со избирање на опцијата Unsubscribe.
Рекорд Медиа ќе вложи максимум напори за да му обезбеди на корисникот непречено и непрекинато користење на www.wayin.mk при што ќе ги преземе сите разумни мерки за да ги идентификува и отстрани сите дефекти или пречки и ќе ги преземе сите разумни мерки за да се овозможи повторно користење на www.wayin.mk во најбрзо можно време.
Иако цел на Рекорд Медиа е платформата www.wayin.mk да биде достапна 100% од времето, веб апликацијата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Корисникот разбира и признава дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Рекорд Медиа, пристапот до www.wayin.mk може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
При евентуални технички проблеми со веб апликацијата, Рекорд Медиа има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не е обврзан да изврши било какво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
Купувачите/посетителите имаат можност да остварат контакт со Рекорд Медиа испраќајќи e-mail на contact@rekordmedia.mk за било какви прашања или проблеми.
Користењето на www.wayin.mk и услугите од Рекорд Медиа може да биде прекинато или со намален квалитет поради настанување на ситуација на виша сила. Како ситуација на виша сила се смета секој настан кој се случил независно од волјата на Рекорд Медиа и чие настапување не можело да биде предвидено ниту спречено, при што таквиот настан влијае на обезбедувањето на услугата и исполнувањето на обврските на Рекорд Медиа и обезбедувањето на користењето на www.wayin.mk, како што се природни настани (поплави, пожари, атмосферски електрични празнења, епидемии итн.) општествени настани (штрајкови, граѓански немири, блокади, војна, вонредна состојба, кризна состојба итн.), акти на јавна власт или испади, дефекти и прекини на електроенергетскиот систем, системи и инфраструктура на оптички врски за пренос на податоци итн.
Рекорд Медиа нема да биде одговорен кон корисниците на www.wayin.mk за било каква пречка или настанат прекин во обезбедувањето на услугите и функционирањето на www.wayin.mk поради појава на ситуација на виша сила.
Рекорд Медиа и корисникот ќе се обидат спогодбено да го решат секој спор кој може да се појави од користењето на www.wayin.mk, вклучувајќи ги споровите во однос на толкување, примена и извршување на овие Општи правила и услови.
Доколку страните не успеат да ги решат споровите на тој начин, спорот ќе биде решен од надлежен суд во Скопје.
Овие Општи правила и услови важат за сите корисници кои пристапуваат на www.wayin.mk и кои вршат купување и/или ги користат услугите на Рекорд Медиа како крајни корисници и истите се применуваат од датумот на нивното објавување на www.wayin.mk наведен на почетокот.
Сите прашања кои не се опфатени со одредбите на овие Општи правила и услови ќе бидат разрешувани со директна примена на применливите правни прописи важечки во Република Македонија.
Рекорд Медиа го задржува правото да додава, менува, надградува, укинува, стопира производи и/или услуги или воведува услови за производи и/или услуги на www.wayin.mk без претходно известување.
Рекорд Медиа го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи правила и услови како и содржината на www.wayin.mk, а најновата верзија на Општите правила и услови корисникот ќе може да ги прочита на www.wayin.mk. Измените на овие Општи правила и услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани