Италијанскиот DJ и продуцент LEHAR е препознатлив по својот спој на melodic house, indie dance и deep electronic звук. Со изданија за реномирани издавачки куќи како Diynamic, Afterlife и Watergate Records, како и настапи на водечки меѓународни фестивали и клубови, тој се позиционираше како едно од интересните имиња на современата електронска сцена. Воедно, е коосновач на музичката платформа Multinotes.
Заедно со него настапуваат Ampov и Dimchuga, дуото зад BURU – локален музички проект кој преку своите настани и DJ сетови придонесува за развојот на електронската сцена во Македонија. Нивниот музички пристап се базира на квалитетна селекција, препознатлив звук и континуирана поддршка на електронската музика.
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани