Најдоброто од Игор Џамбазов доаѓа во Прилеп!
„Каква е оваа ситуација”? - ваква е оваа ситуација:
На 4ти Април сѐ што треба да направите е со вас да понесете добро расположение и да се упатите кон Марко Цепенков во Прилеп Нешто пред 20 часот удобно да се сместите во своите седишта и само „Диши длабоко”…ќе започне уште едно мизичко патување.
Гуру Харе со неговата позната „електрична гитара на струја” и секако Гуру Харе Бенд ќе бидат заедно на сцената со Игор за најпознате хитови да прозвучат во полн сјај.
„Да си жив и здрав”, „Скопје-Сарај-Матка”, „Време за плачење”, „Хотел Македонија”, „Фотографија”, „Во бестрага” се само неколку од многуте безвременски хитови кои ќе се изведуваат во таа музичко-празнична вечер за градот. Ќе се изведуваат и песни од последниот албум „Првите триесет”.
Ќе се слави блузот, пишаниот збор и сето тоа заедно со топлата енергија што Маестро Игор Џамбазов ја носи со себе секаде и секогаш.
Драги прилепчани, ова е концертот кој не смее да се пропушти.
Најдоброто од Игор Џамбазов е во рамките на S.O.S.Фестивал, фестивал кој во 2026 година ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија!
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани