IN DIALOGUE - Тони Китановски и Димитрис Бакас Poster

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Наскоро симни ја и нашата мобилна апликација.

IN DIALOGUE - Тони Китановски и Димитрис Бакас

Почеток: 20:00 часот
Македонска Филхармонија - Мала Сала
800 ден.
Опис

IN DIALOGUE – Тони Китановски и Димитрис Бакас

Двајца исклучителни музичари, две културни традиции и едно ново, оригинално музичко дело.

На 18 декември, во камерната сала на Филхармонија во Скопје, нашиот најпознат и еден од најреномираните европски џез-гитаристи и композитори, Тони Китановски, заедно со грчкиот композитор Димитрис Бакас, ќе ја претстават светската премиера на „In Dialogue“ – музичко дело создадено за електрична гитара и електроника.

„In Dialogue“ е проект во кој современата музика се среќава со богатото музичко наследство на регионот. Живата гитарска изведба е надополнета со електронски звуци и автентични снимки на традиционални инструменти и гласови од руралните средини на двете соседни земји.

Во текот на шеесетминутниот концерт, публиката ќе има можност да слушне како познатите мотиви од традиционалната музика добиваат сосема нов звук и како двајца музичари со различни уметнички искуства создаваат заеднички музички јазик.

Соработката меѓу Китановски и Бакас произлегува од нивниот интерес за истражување на звукот, музичката традиција и можностите што ги нуди современата технологија.

Како што сугерира и самиот наслов, „In Dialogue“ е музички разговор меѓу двајца уметници, две култури, традицијата и современоста, звукот и тишината.

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Симни ја нашата мобилна апликација.

Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани