Македониo во срце те носиме Poster

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Наскоро симни ја и нашата мобилна апликација.

Македониo во срце те носиме

Почеток: 20:00 часот
Арена ,,Јане Сандански” - Скопје
од 500 ден.
Опис

На 12 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе оживее една незаборавна музичка приказна исполнета со љубов, носталгија и најубавите македонски мелодии – „Македонијо, во срце те носиме – Најубавите наши песни“.

На една сцена, придружувани од величествен симфониски оркестар од 40 музичари, ќе се обединат некои од најпрепознатливите македонски музички гласови: Игор и Ана Сурловски, Бојана Скендеровски, Андријана Јаневска, Миле Кузмановски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Спасен Силјаноски, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Дац и Александар, Росана Сариќ Тодоровска, Верица Ристевска, Ѓоко Танески и Димитар Андоновски.

Најсаканите песни од првите два дела на проектот ќе се испреплетат со безвременските македонски евергрини од 70-тите, 80-тите и 90-тите години, будејќи ги спомените на младоста, првите љубови и миговите што засекогаш остануваат во нашите срца.

Низ ова волшебно патување ќе нè водат актерите Дејан Лилиќ и Драгана Левенска.

Ова нема да биде само концерт, туку вечер во која ќе оживеат спомените, ќе се разбудат најдлабоките чувства и генерациите ќе се соединат преку песните што се дел од нашите животи.

Една вечер. Илјадници спомени. Една Македонија. И песни што остануваат засекогаш!

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Симни ја нашата мобилна апликација.

Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани