Мјузикл Као Какао 11 јуни Poster

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Наскоро симни ја и нашата мобилна апликација.

Мјузикл Као Какао 11 јуни

Почеток: 20:00 часот
Македонски Народен Театар
од 1100 ден.
Опис

Као Какаое македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановскиавтор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции кои ќе бидат изведени во нови аранжмани, подготвени специјално за оваа продукција.

Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на минатиот век, каде што љубовта и амбицијата растат паралелно со притисоците на средината. Во обидот да успеат и да останат свои, младите ликови се соочуваат со невидливите граници на системот, стереотипите и сопствените стравови.

Текстот го напиша Венко Андоновски, а режијата е на Дејан Пројковски.
Аранжманите ги потпишува Бобан Мирковски, кореографијата е на Олга Панго, а сценографијата е на Валентин Светозарев.
Костимографијата ја потпишува Марија Пупучевска, вокален ментор е Ана Костадиновска.

Во мјузиклот настапуваат:
Владимир Петровиќ, Катерина Јовановиќ, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Сашко Коцев, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Антонио Ташковски, Денис Абдула, Наталија Теодосиева, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска, Леонида Гулевска.

Продуцент на проектот е Баги Комуникации, во копродукција со НУ Македонски народен театар.

Овозможено од Триглав Осигурување Македонија и Шпаркасе банка
Поддржувач: Тиквеш
Пријатели: Виталија и Божиновски - часовници и накит
Поддржано од: Министерство за култура и туризам

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Симни ја нашата мобилна апликација.

Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани