Мјузикл Као Какао 19 октомври Poster

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Наскоро симни ја и нашата мобилна апликација.

Мјузикл Као Какао 19 октомври

Почеток: 20:00 часот
Македонски Народен Театар
од 1100 ден.
Опис

ПРИКАЗНА РАСКАЖАНА НИЗ ПЕСНИТЕ НА ЕДНА ГЕНЕРАЦИЈА

Скопје, седумдесеттите.

Генерација што сака да успее, да сака и да остане своја — во време што не ѝ дава многу простор за тоа.

„Као Какао“ е мелодрамска љубовна приказна во која 19 препознатливи композиции на Влатко Стефановски добија нови аранжмани, специјално подготвени за оваа продукција.

Во свет полн со амбиција, љубов, пријателства и потребата за лична слобода, ликовите се движат помеѓу сопствените соништа и ограничувањата на времето во кое живеат. Нивните животи се обликуваат низ судирите со системот, со околината и со изборите што постепено ги менуваат.

Продукцент: Баги Комуникации
Ко-продуцент: НУ Македонски народен театар

Режисер: Дејан Пројковски
Текст и драматургија: Венко Андоновски
Музика: Влатко Стефановски
Музички аранжмани и оркестрација: Бобан Мирковски
Кореограф: Олга Панго
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Марија Пупучевска
Визуелен идентитет: Марко Мандичевски

Вокален тренер: Ана Костадиновска

Актерска екипа:
Владимир Петровиќ,
  Катерина Јовановиќ, Нина Елзесер, Стефан Спасов, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Јордан Симонов, Тања Кочовска, Дениз Абдула, Јована Спасиќ, Антонио Ташковски, Јована Миладинова, Анастасија Трајковска, Димитар Паскоски, Анастасија Митровска, Илин Јовановски, Леонида Гулевска, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге НешковиќТодор Стојковски, Бранко Михајловски, Леонида Гулевска, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Митровска

Оркестар:

Стефан Петановски — гитара, Бобан Мирковски — пијано, Јан Стефановски — тапани

Виктор Николовски — бас, Андреј Бошковски — гитара, Милена Тодороска Мургоски — виолина, Верица Ајтовска — виола, Петар Поповски — виолина, Љупка Каевиќ — виолончело, Владан Дробицки — тромбон, Александар Златески — труба

Нинослав Димов — баритон саксофон, Ана Костадиновска — беквокал

Овозможено од Триглав Осигурување Македонија и Шпаркасе банка

Поддржувач: Тиквеш

Пријатели: Виталија  и Фешн Груп

Поддржано од: Министерство за култура и туризам

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Симни ја нашата мобилна апликација.

Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани