AZYR се враќа во Лука Белград за уште еднаш да покаже зошто е едно од најважните и најбараните имиња на современата техно сцена. Големиот outdoor рејв нè очекува на 17 мај, а покрај AZYR, на него ќе настапат David Löhlein, Hadone и македонското дуо Chrisot b2b Petko.ov.
AZYR – продуцент/DJ од Блекпул чие вистинско име е Оливер Роули, чија популарност на музичката сцена вртоглаво расте од ден на ден. Иако неговиот музички израз главно е насочен кон техно жанрот, Azyr се издвојува со својата разновидност, создавајќи звуци што опфаќаат различни поджанрови. Неговата музика варира од acid тонови до енергични schranz ритмови, создавајќи неверојатен спој што ја крева атмосферата на секој настап. Со силно и интензивно темпо, Оливер создава звучна динамика што никого не остава рамнодушен. Неговата работа е препознаена од многу уметници и фанови, што го прави еден од највозбудливите млади таленти на техно сцената!
David Löhlein – познат по својот уникатен „змиски“ звук што создава заводлива и магнетна атмосфера. Музиката на реномираниот продуцент/DJ од Германија ги комбинира елементите на хаус, техно, хип-хоп и латино ритмови, одразувајќи ја неговата страст за глобалните звуци и личните искуства. Löhlein во своите сетови донесува уникатна комбинација на длабоки бас линии и енергични ритмови, спојувајќи ја пристапноста на мејнстримот со есенцијата на андерграунд музичката сцена.
Hadone – француски продуцент и DJ кој брзо се афирмира на техно сцената. Неговиот звук ја комбинира енергијата на класичните техно траки од 90-тите со суровата моќ на современите продукции. Неговата музика се карактеризира со спој на старата и новата „школа“ на техно. Во делата на Hadone се чувствуваат влијанија од различни музички правци, што го прави едно од најинтересните имиња на актуелната техно сцена.
Chrisot b2b Petko.ov – резиденти на OVC доаѓаат од андерграунд сцената во Скопје и се подготвени да го „загреат“ првиот outdoor рејв во мај! Познати се по тоа што внесуваат разновидност во своите сетови, избирајќи траки што се движат од hard groove до различни стилови на техно, создавајќи подиум каде што морате да бидете кога тие се зад пултот.
Подгответе се за вистинска техно авантура, одлична атмосфера и забава што долго ќе ја паметите!
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани