NUMB - Tribute to Pink Floyd Poster

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Наскоро симни ја и нашата мобилна апликација.

NUMB - Tribute to Pink Floyd

Почеток: 21:00 часот
Антички Театар - Охрид
од 790 ден.
Опис

На 23-ти јули, на сцената на „Антички театар“ во Охрид: Ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd - проект зад кој стојат врвни музичари

Организаторите на овој интересен концертен настан и овој пат најавуваат музичко уживање кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд.

И овој пат огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски изглед бидејќи музичкиот перформанс на култните Pink Floyd е аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.

На настапот и овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го формираа правецот и вкусот на повеќе генерациии.

Впрочем Pink Floyd е една од највлијателните и најголеми рок групи на сите времиња. Со нивните безвременски тематски албуми исполнети со врвна мелодика и совршена хармонија си обезбедија почесно место во историјата на rock and roll-oт, ако не и е на самиот врв на светската музика. Тие се бенд чии совршени музички теми содржат не само поетика, туку и филозофија, политички ставови, животни размислувања, човечки судбини, ликови и карактери... Едноствано, Pink Floyd се многу повеќе од само музика, тие се начин на живот.

Затоа не треба да го пропуштите овој музички настан на 23-ти јули, на сцената на „Антички театар“ во Охрид, на која ќе се случи новото издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd, проект зад кој стојат врвни македонски музичари.

Настанот е во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, во организација на „Fresh Union - Film, Music and Booking Agency“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Македонија.

Додај во омилени

Попусти, Програма за лојалност,
QR билети и многу повеќе.

Симни ја нашата мобилна апликација.

Дознајте први за идните настани

Се согласувам, Way In да ми испраќа новости преку е-пошта

Следете нѐ

За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани