NUMB – Tribute to Pink Floyd на 20 ноември доаѓа во Скопје
По фантастичното мултимедијално концертно доживување што се случи летово во Античкиот театар во Охрид, следува уште едно издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd - проект зад кој стојат врвни музичари.
Овој пат аудио-визуелното шоу кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд, доаѓа во Скопје.
На 20. ноември 2026 г. (петок) во Македонската филхармонија - NUMB – Tribute to Pink Floyd. Музички перформанс како единствено аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.
Салата на Македонската филхармонија ќе изгледа и звучи како никогаш досега. Многу поразлично од вообичаеното, исполнета со совршен звук, визуелни ефекти, ласери, светлосни ефекти, видеопроекции и уште мноштво моќни новини на современата технологија кои оваа волшебна вечер ќе ви ја направат повеќе од магична.
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани