ТОНИ ЗЕН е вториот учесник на С.О.С. фестивал 2026 во Битола
С.О.С. фестивал - најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето под отворено небо на 8 август на Ракометното игралиште во Битола го објави името и на вториот учесник.
Тоа е македонскиот хип-хоп артист, познатиот рапер и продуцент Тони Зен, кој придружуван од својот бенд во живо ќе ги изведе своите најголеми хитови со кои повеќе од две децении царува на македонската хип хоп сцена.
Публиката ќе има можност да ја слушне и да се забавува со избор од најдоброто од неговата „стиховна агенда“ која урбаниот скопски рапер ќе ја донесе во свој стил на сцената на Ракометното во Битола.
Тони Зен задно со веќе најавените трап предводници на новата урбана генерација - 2БОНА, се првите две имиња кои годинава „ќе ја тресат“ битолската фестивалска сцена која на 8-ми август, ќе пулсира во ритамот на С.О.С. фестивал.
Но, списокот на учесници тука не завршува, зашто организаторот „Fresh Union - Film, Music and Booking Agency“ најавува нови имиња кои наскоро ќе бидат објавени.
Влезниците за С.О.С. фестивал - проект во рамките на БитФест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија се веќе пуштени во продажба по промотивна цена до 01 Јули 2026.
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани