Регионалната музичка ѕвезда СЕНИДАХ во Скопје – голем Солистички концерт на 14 февруари!
По спектакуларните настапи низ регионот, СЕНИДАХ – една од најавтентичните и најбараните музички ѕвезди на регионалната сцена – закажува нова, незаборавна вечер. Овој пат, на 14 февруари, во арената „Јане Сандански" во Скопје, публиката ја очекува концерт кој ќе ги подигне стандардите на регионалната сцена, во организација на SKYMUSIC!
Препознатлива по моќниот вокал и единствениот звук кој храбро ги спојува R&B, трап и балканските ритми, СЕНИДАХ стана симбол на новата генерација. Хитовите како „Делија", „Бехуте", „Слаѓана" и „Иди гаде" со години доминираат на регионалните топ-листи, додека албумот „Сен и дах" продолжува да руши рекорди на слушаност.
Публиката ја очекува сценски настап за паметење – продукција на светско ниво, спектакуларна визуелна режија и сет-листа што носи комбинација од најголемите хитови, новите фаворити и енергија која ретко се доживува.
Организатор: SKYEVENTS d.o.o.
За најразлични промоции, Gift картички, наградни игри и попусти за следните настани